Мега скандал – Маринци споделувале илјадници порно слики од своите колешки

Американските маринци преку Фејсбук групи споделувале порно фотки од нивните колешки. На социјалните мрежи има групи со по 30.000 членови составени претежно од маринци, но и од другите гранки на американската армија.

Членовите освен што сами поставувале разголени слики од нивните колешки исто така барале и од останатите маринци да наоѓаат фотки од одредени жени кои служат во армијата на различни позиции.

На групните пораки биле откривани имињата на жените маринци, како и тоа каде служат и во која база се стационирани пропратени со недолични коментари.

Голем дел од сликите завршиле на сајтот AnonIB каде може анонимно да се објавуваат слики од голи девојки и одмазничко порно, односно видео снимка направена доброволно со девојка додека е во врска, но потоа објавена без нејзина согласност.

Дел од сликите пак, доброволно биле испраќани од девојките кои служат но, тие претежно се провокативни, но не и порнографски. Сепак, меѓу членовите на групата Marines United биле мотивирани сексуални напади врз колешките и нивна злоупотреба.

Откако е откриена групата на Фејсбук, Маринскиот корпус најави поведување на голема истрага, а на организаторите им се закануваат и затворски казни од 7 години.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e