Марш на жените против Трамп

Ден по инагуарацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп, на улиците во повеќе земји во Соединетите Американски Држави, протестираа повеќе од два милиона Американци. Главниот „Марш на жените“ се одржа во Вашингтон, каде повеќе од половина милион луѓе изразија несогласување со ставот на Трамп во однос на женските права, за кои демонстрантите сметаат дека се загрозени од новата американска администрација. Маршот е реакција на објавените снимки на кои Трамп на понижувачки начин зборува за жените што предизвика гнев низ целиот свет.

Поддржувачите на маршот се собраа околу Националниот музеј на американските Индијанци.

Маршот во Вашингтон беше поддржан од голем број славни личности. меѓу кои и активистиката за човекови права Анџела Дејвис, пејачките Кејти Пери и Мадона, филмскиот режисер и продуцент Мајкл Мур и актерките Ешли Џад, Шарлиз Терон , Џулија Робертс и Скарлет Јохансон.

„Доброто не победи на овие избори, но на крајот, доброто ќе победи. Револуцијата почнува оттука. Дали сте подготвени да го потресете светот? Добредојдовте на револуцијата на љубовта!“, изјави Мадона во својот говор во Вашингтон.

Нивните обраќања беа поздравени од големиот број демонстранти кои со транспаренти и овации го покажаа своето незадоволство со ставот на претседателот Трамп за улогата на жената и женските права. Меѓу демонстрантите можеше да биде забележан и поранешниот државен секретар на САД, Џон Кери.

Протестот кој започна со повик на социјалните мрежи се прошири и во Лос Анџелес, Чикаго, Далас, Сан Франциско, Денвер, Сиетл…

Борбата за женски права поддршка доби и од жителите на Синднеј, Лондон, Париз, Прага, Берлин, Женева, Амстердам, Белград, Приштина, протести имаше и во Јужна Африка…, или, вкупно, во 37 држави, каде се одржаа 600 протести.

„Маршот на жените“, за разлика од протестите на денот на инагуарацијата на Трамп, кога при судир со полицијата беа уапсени 217 демонстранти, помина мирно, без инциденти и насилство.

ЦИВИЛ Медиа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e