Косовската опозиција бара предвремени парламентарни избори

Oбединетата косовска опозиција, Алијансата за иднината на Косово, Иницијатвата за Косово и Движењето „Самоопределување“се категорични дека земјата мора да оди на предвремени парламентарни избори.

– Не e само прашањето за демаркацијата на границата со Црна Гора, опозициските партии во земјата се обединети и околу една кауза. Нивните барања нема да престанат се до уривање на Владата и спроведувањето предвремени парламентарни избори,- наведува електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“.

Претставниците на трите партии сметаат дека Владата е заглавена во корупција и организиран криминал и таа мора да си оди.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e