Клинтон и Трамп вечерва на прв ТВ-дуел

Водечките претседателски кандидати, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, вечерва првпат ќе се соочат во телевизиски дуел, кој би можел значително да ја смени поддршката меѓу гласачите, која сега е речиси изедначена.

Дебатата, која ја организира телевизијата „Ен-би-си“, ќе им овозможи на кандидатите првпат директно да ги соочат аргументите, но и да го подобрат својот имиџ кај гласачите. Повеќето гласачи негативно ги оценуваат и двајцата кандидати. Клинтон ќе треба да ги убеди гласачите дека е човек од доверба, додека Трамп – оти има квалитети за Белата куќа.

Интересот за дебатата е огромен и се очекува дека 90-минутното соочување ќе го следат рекорден број лица во САД, на сите национални телевизии, но и на „Јутјуб“ и на „Твитер“.

Трамп често доминираше во дебатите во рамки на републиканските избори за кандидат за претседател на САД, но повремено паѓаше во сенка, особено во поглед на техничките прашања и кога бројот на учесниците беше сведен на двајца или тројца.

Клинтон, пак, има повеќе искуство во дебати еден на еден, но вечерашната ќе ѝ биде прва претседателска дебата.

Според веб-страницата „Рилклирполитикс“, која акумулира истражувања, Клинтон во анкетите има предност од само 2,8 отсто пред Трамп иако во предходните неколку анкети предсноста изнесуваше околу 4 проценти.

Извор: Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e