Ким Јонг -ун: Судирот со САД влегува во последна фаза

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун изјави дека судирот до САД влезе во „последна фаза“, додавајќи дека севернокорејската интерконтинентална балистичка ракета може да носи „голема, тешка нуклеарна глава“.

Според експертите ракетата која Северна Кореја ја лансираше вчера, може да стигне до Алјаска.

По тестирањето на новоразвиената интерконтинентална балистичка ракета, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон повика на глобална акција. Тој тоа го оцени како ескалација на нуклеарната закана од Пјонгјанг.

„Секоја земја која прима севернокорејски работници, дава економска или воена помош на Пјонгјанг или пак не ги применува санкциите на Обединети нации тогаш помага еден опасен режим“, рече Тилерсон.

САД вчера побараа итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите Нации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e