Најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени кога камион влета во штандовите на божиќниот пазар во Берлин, пренесуваат германските медиуми.

За сега не е познато дали станува збор за организиран напад или за сообраќајна несреќа.
Полицијата се сомнева дека се работи за терористички напад.

Властите соопштија дека се повредени голем број на луѓе, но нема официјална информација за точен број на жртви и повредени.

Сведок за „Си-ен-ен“ изјавил дека камион без регистарски таблички удрил во штандовите и се движел со брзина од 80 километри на час.

Мета