Како ти на мене, така јас на тебе!

Нов степен на ескалација во аферата со нападот со нервен отров врз двојниот агент Скрипал во Англија. 23 британски дипломати ќе бидат протерани од Русија.

Британците погодени од мерката имаат една недела да ја напуштат земјата, објави руското министерство за надворешни работи. Тоа претходно повторно го повика британскиот амбасадор Лори Бристоу (насловна фотографија). Во минатата среда (14.04.2018), официјален Лондон побара 23 руски дипломати да ја напуштат Британија во рок од една недела.

Но реакцијата на Русија на британските санкции во аферата Скрипал не запира само на протерувањето на дипломатите: Руската влада, исто така, го повлече одобрението за отворање и работа на Генералниот конзулат на Велика Британија во Санкт Петербург. Покрај тоа,  културната институција Британски совет за ќе мора да ги прекине своите активности во Русија. Статусот на Британскиот совет не беше јасен, објави руското Министерство за надворешни работи.

Од Кремљ?

Во задината на последните британско-руски тензии е нападот врз поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка во местото Солсбери во јужна Англија за кој британската премиерка Тереза Меј одговорноста ѝ ја префрли на Москва.

Giftanschlag auf Sergej Skripal in Salisbury (picture-alliance/empics/A. Matthews)

Русија не одговори на  британскиот ултиматум да придонесе за разјаснување на обидот за атентат.  Германија, Франција и САД  заеднички го поддржаа Лондон во  обвинуваната против Русија. Москва децидно ги отфрла обвинувањата дека е вмешана во случајот Скрипал. Лондон воведе санкции за Москва за атентатот. Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, посочи дека наредбата за нападот најверојатно е дојдена директно од Кремљ.

Извор: Дојче веле

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e