Им ја уништија државата, убија илјадници луѓе, па признаа: Да, направивме грешка!

Британскиот парламент објави извештај во кој се признава дека воениот напад на Либија бил започнат поради „погрешни разузнавачки податоци“ и „нецелосно сфаќање на ситуацијата во таа земја“.

Пет години поминаа откако северната африканска држава Либија беше целосно уништена од воената агресија на НАТО Алијансата, а либискиот претседател Муамар Гадафи беше брутално убиен од исламистичките милитанти кои што беа поддржани од западните земји.

Три земји беа клучни и лидери на воениот напад на Либија – станува збор за Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Франција. Но, денес, пет години подоцна, се чини дека се повеќе високи функционери од овие држави почнуваат да сфаќаат (или всушност признаваат) дека бил направен пропуст.

Имено, британскиот парламент објави извештај во кој е наведено дека нападот на Либија – поддржан меѓу другото и од поранешниот британски премиер Дејвид Камерон, бил изведен врз основа на „погрешни податоци доставени од разузнавачките служби“, а тој напад резултирал со „економски и политички колапс“ на оваа северноафриканска земја.

libija-nato-britanija-kameron

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извештајот кој го објави британскиот парламентарен совет за надворешни работи, вели дека поранешниот премиер Дејвид Камерон сега мора да сноси одговорност за настанатата криза во Либија.

„Британската акција во Либија беше дел од погрешно започнатата интервенција која што резултираше со ситуацијата каква што е во земјата во овој момент“, стои во извештајот кој го објавија британските медиуми.

„Британската политика кон Либија, пред и после воената интервенција која што започна во месец март 2011-та година, беше заснована на погрешни претпоставки и нецелосно сфаќање на ситуацијата во таа земја“, стои во извештајот на британскиот парламент.

Бројни објективни аналитичари во тоа време предупредуваа дека Западот со нападот на Либија практично застанува на страната на екстремистичките исламисти и има намера да го симне Гадафи од власт исклучиво поради геополитички и империјалистички цели – на многумина уште тогаш се им беше совршено јасно и се предупредуваше токму за таквите „погрешни претпоставки“ или „нецелосното сфаќање на ситуацијата“ за кое што дури сега признаваат Британците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e