Хрватска формира Совет за соочување со последиците од недемократските режими

Хрватската Влада денеска донесе одлука за создавање на Совет за соочување со последиците од владеењето на недемократските режими, кој подолг период е познат како Комисија за соочување со минатото.

Премиерот Андреј Пленковиќ денеска изјави дека „Хрватска се уште се соочува со последиците од недемократските режими“.

– Има различни интерпретации за минатото, кои не секогаш се засноваат врз научни истражувања и експертски дискусии, истакна Пленковиќ.

Таквиот чекор на Владата во Загреб предизвика критики од страна на либералите и на еврејските групи, кои сметаат дека на тој начин се изедначуваат пронацистичкиот режим за време на Втората светска војна и повоениот комунистички режим.

На чело на Советот е назначен претседателот на Хрватската академија за наука и уметности, Звонко Кусиќ, а составен е од правници, историчари, политиколози и други експерти „кои претставуваат релевантни хрватски институции“.

Десетици илјади Срби, Евреи и Роми беа убиени во Хрватска за време на Втората светска војна пред земјата да стане дел од повоената комунистичка Југославија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e