Хојт Ји поднел оставка! Доаѓа на Балканот?!

Брајан Хојт Ји поднел оставка на местото помошник заменик на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, потврдува Стејт департментот за Ал џезира.

Во одговорот е наведено дека Хојт Ји ги известил колегите во американското Министерство за надворешни работи дека ги напушта досегашните должности.

На таа позиција беше од 2013 година. Неофицијално, за негов наследник се спомнува некогашниот еф на мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина, Џонатан Мур.

Хојт Ји се споменуваше и како кандидат за амбасадор во некоја од земјите од Западен Балкан вклучително и во Македонија.

Денеска пак, белградски весник „Блиц“ објави дека американскиот дипломат ќе биде назначен за нов амбасадор на САД во БиХ, а не во Македонија, како што претходно е најавено од Стејт департментот, пишува весникот „Блиц“, повикувајќи се на неофицијални информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e