Хојт Ји: Изјавите за „Голема Албанија“ се само политичка кампања

Американскиот заменик помошник државен секретар Брајан Хојт Ји смета дека изјавите за создавање „Голема Албанија“ претставуваат само неодговорна реторика, треба да бидат сфатени во контекст на политичката кампања и не треба да им се дава преголемо значење. Според него политичките партии и лидери во регионот се свесни дека до интегрирање во ЕУ нема да дојде со промена на постојните граници.

Во интервју за Танјуг тој вели дека не постои никакво сериозно движење за создавање на „Голема Албанија“, ниту пак има желба кај албанското население во Македонија, Црна Гора или пак во самата Албанија за некакво обединување.

– Верувам дека официјалната политика, искрената политика на (албанските) партии во Македонија, Црна Гора, Косово или Албанија е да се интегрираат во ЕУ, да влезат во НАТО кога тоа ќе биде можно, во рамките на суверените граници на земјите во кои живеат, а не преку промена на границите и низ некој вид на наднационален идентитет, вели Ји.

Според него американската администрација е свесна дека некои политичари во регионот се служат со неодговорна и провокативна реторика, но напоменува дека во текот на политичката кампања има пароли и изјави кои не би требало да бидат извадени од контекст на кампањата.

-Ние ја осудивме таквата реторика и не ги оправдувам, но велам дека е важно да избегнуваме претерани реакции и да не ги сфаќаме буквално изјавите на политичарите во текот на кампањата, вели тој.

Според него, важно земјите од Западен Балкан да го почитуваат суверенитетот на своите соседи и заедно да работат на решавање на недоразбирањата или на потенцијалните судири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e