Германскиот Бундестаг ги легализираше истополовите бракови

Германскиот Бундестаг утрово усвои Закон со кој во Германија се легализраат браковите меѓу лица од ист пол.

Во текстот на Законот се посочува дека „брак се вклучува меѓу две лица од различен или од ист пол“.

Законот беше усвоен со гласовите на пратениците од трите левичарски партии во Долниот дом на германскиот Парламент – Социјалдемокартската партија на Германија (СПД), сојузот Зелени и партијата Левица, како и на некои од претставниците на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел.

За разлика од коалициските партнери од СПД и дел од пратениците од нејзината партија, самата Меркел и мнозинството од претставниците на ЦДУ, гласаа против Законот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e