Франција: Одбиено барањето за израчување на Харадинај на Србија

Апелацискиот суд во францускиот град Колмар денеска го одби барањето на Србија за екстрадиција на лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, пренесе Дојче веле.

Според одлуката на судот во Колмар, Харадинај е веднаш ослободен и е укината забраната за негово напуштање на Франција, така што тој  во рок од 24 часа може да се врати на Косово. Србија повеќе нема право на жалба на одлуката на францускиот апелациски суд, кој не даде образложение за одлуката, јавуваат светските новински агенции.

Харадинај на 4. јануари беше приведен на територијата на Франција, врз основа на меѓународниот налог за апсење издаден од Србија поради обвиненија за извршени воени злосторства за време на војната на Косово во 1998 и 199 година. Судот во Колмар на 12 јануари, со одредени мерки, го пушти Харадинај одлуката за барањето на Србија за екстрадиција да ја чека на слобода. харадинај пред судот во Колмар се појави на 1 и на 9 февруари, како и на 2 март. Повеќепати по апсењето тој повтори дека не прифаќа да биде израчен на Србија и оценуваше дека станува збор за политички процес против него.

Во меѓувреме претседателот на Албанија, Бујар Нишани потпиша указ со кој им додели државјанство на Харадинај и на неговата сопруга Анита, по што медиумите шпекулираа дека и Албанија ќе побара негова екстрадиција.

Инаку истражната постапка против Харадинај во Србија е покрената во 2004 година, а во јануари годинава е проширенa со нови обвинувања и нови докази кои му се проследени на судот во Колмар. На Харадинај му беше судено и во два процеса во Хашкиот трибунал за воени злосторства на Косово, но во 2012 година беше правосилно ослободен од сите обвинувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e