(ФОТО) Путин: Имаме ново оружје и ќе го употребиме ако нè нападнат

Рускиот претседател, Владимир Путин, за време на годишното обраќање на Федералното собрание наведе дека Русија развива нова интерконтинентална балистичка ракета, која ќе има моќ да погоди која било точка на светот, објави „Ројтерс“. Тој додаде и дека воената операција на Москва во Сирија покажала зголемена способност на Русија во одбраната.

„За да ги заштити своите интереси, Русија почна да ги зајакнува своите воени, транспарентни и научни инфраструктури на Арктикот, порача рускиот претседател. Тој нагласи дека интерконтиненталната балистичка ракета е многу тешко да ја пресретне кој било антиракетен систем. Путин рече дека тестираат и подводни дронови кои можат да носат нуклеарни боеви глави. Русија има ново суперсонично оружје со кое не може ниту еден антиракетен систем да влезе во трага“, предупреди Путин.

русија-воена-сила-701x394

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e