Формирана „Слободни граѓани на Србија“ на Саша Јанковиќ

Второпласираниот кандидат на претседателските избори, поранешниот омбудсман Саша Јанковиќ денеска го официјализираше своето политичко движење „Слободни граѓани на Србија“.

На денешното основачко собрание, на кое Јанковиќ е избран за претседател, присуствуваат околу 60 основачи на движењето, меѓу кои актерот Никола Ѓуричко, музичарите Васил Хаџиманов и Владо Георгиев, режисерот Горан Марковиќ и други видни адвокати и личности од јавниот живот.

-0Движењето ќе ја врати насмевката на лицата на граѓаните… Се собравме за да го оправиме општетството кое е длабоко поделено – рече Јанковиќ, кој претходно најави дека неговото движење ќе биде отворено за сите кои „сакаат и веруваат дека во својата држава можат да живеат како граѓани, а не како поданици.

Саша Јанковиќ кон почетокот на февруари, поднесе оставка од функцијата народен правобранител на Србија, на која беше 10 години за да се кандидира на претседателските избори како независен кандидат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e