Европол затвори над 4.500 веб страници за продажба на лажна стока

Полицијата и агенциите за спроведување на законот низ Европа, во обемна операција на Европол, затворија над 4.500 вебсајтови поради трговија со фалсификувана стока, најчесто преку социјалните мрежи, соопштија официјални претставници на Европол.

Агенции од 27 земји, главно европски, но и од САД и Канада, работат заеднички на оваа операција.

Европол, од каде не прецизираа колку долго траела операцијата, соопшти дека фалсификаторите преку Интернет продаваат се – од луксузна стока, спортска опрема, резервни делови и електорника, до лекови, козметички производи и друга лажна стока.

– Интернет стана главен канал за електронско тргување. Актуелниот глобален домет и анонимност им овозможуваат по пат на Интернет да продаваат речиси се, на кого било и во кое било време, велат од европската полициска служба.

Фалсификаторите, се наведува во соопштението, тоа го знаат и се повеќе ги користат неограничените можности кои ги пружа Интернетот.

Европол, меѓутоа, предупредува дека „и покрај тоа што купувањето на таква стока може да изгледа поволно, тие производи би можеле да го загрозат здравјето и безбедноста на купувачите“.

Директорот на Европол Роб Вејнрајт заклучува дека во овогодишната операција затворени се значително повеќе интернет страници отколку минатата година.

Европол објави водич кој корисниците на Интернет ги учи корисниците да препознаат лажни вебсајтови и измами на социјалните мрежи, предупредувајќи ги купувачите да бидат внимателни.

-Кога купувате преку Интернет, голема е веројатноста да станете жртва на фалсификатори бидејќи тешко ги воочувате разликите меѓу фалсификатот и оригиналот кога не можете физички да ги погледнете и да ги почувствувате производите, истакнуваат од Европол.

Исто така се предупредува дека, користејќи ги незаконските вебстраници, купувачите го изложуваат својот компјутер или мобилен  телефон на сајбер напади.

Извор: Нова ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e