ЕУ нема да ја преживее следната економска криза, предупредуваат стручњаците

Доколку креаторите на европските политики не спроведат клучни измени во монетарната политика на Европската Унија, еврото веројатно нема да ја преживее следната голема криза, предупредуваат од францускиот институт „Жак Делор“.

„Европа ќе биде погодена од следна економска криза. Не знаеме кога точно ќе се случи, но стравуваме дека Европската монетарна унија ќе биде лошо подготвена за една таква криза,“ се наведува во извештајот на тој институт, а го пренесуваат светските агенции.

Авторите на истражувањето признаваат дека реформата на еврото можеби нема да биде популарна, но како што истакнуваат е од клучно значење и под итно е потребна.

Стручњаците од тој институт предложуваат зајакнување на Европскиот стабилизационен механизам (ЕСМ), банкарската унија и координирање на економските политики.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e