Ердоган: Заедно со САД ќе ја нападнеме престолнината на ИД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција и САД подготвени се заеднички да тргнат во битка за Рака – неформалниот главен град на Исламска држава.

Американскиот претседател Барак Обама на самитот Г20 во Кина предложил заедничка акција против милитантите на ИД, а Ердоган на тоа одговорил дека нема проблем со спроведување на таква акција.

– Обама сака да направи заедничка акција во врска со Рака. Ние рековме дека тоа не е проблем од наша перспектива. Му укажав дека наши војници треба да се состанат и да разговараат, а потоа ќе биде направено она што е потребно – изјави Ердоган.

Подемот на ИД започна со нивното освојување на сирискиот град Рака и тој сега се смета за главен град на оваа терористичка организација. Наводно во него живеат помеѓу 250.000 и 500.000 џихадисти.

Мета

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e