Еквадор и дозволува на Шведска да го сослуша Асанж во амбасадата

Еквадор соопшти синоќа дека ќе и дозволи на шведската Влада да го сослуша основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој од 2012 година се наоѓа во еквадорската Амбасада во Лондон и следните недели ќе се прецизира процедурата околу сослушувањето.

Шведска во јуни побара сослушување на Асанж. Тој во вторникот поднесе жалба на одлуката на Окружниот суд во Стокхолм, кој го потврди налогот за негово апсење поради наводни кривични дела силување и сексуално вознемирување.

Обвинителите во Шведска сакаат да го испитаат Асанж за тврдењата на две поранешни волонтерки во Викиликс.

Двете Швеѓанки го обвинија Асанж за сексуално вознемирување, но официјално обвинение не е покренато.

Според шведските закони, осомничениот може да биде обвинет за извршување кривично дело дури по сослушувањето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e