Директорот на ЦИА му порача на Трамп да внимава што зборува

Директорот на Централната разузнавачка агенција CIA, Џон Бренан, изменуван од администрацијата на американскиот претседател на заминување Барак Обама, му порача во неделата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп кој следниот петок ја презема должноста – да внимава што зборува и му советуваше на Русија лесно да не ѝ го прости наводното мешање во ноемвриските претседателски избори.

Џон Бренан во интервјуто за американската телевизиска мрежа Fox News изјави дека Доналд Трамп, откако ќе ја положи заклетвата, мора д биде внимателeн кога дава изјави, алудирајќи на неговите коментари на Twitter.

„Спонтаноста не е нешто што ја штити националната безбедност и затоа, кога зборува или реагира, мора да знае дека тоа може да има сериозни последици врз САД. Тока не станува збор само за господинот Трамп, се работи за САД, рече директорот на најизвиканата американска разузнавачка агенција.

Трамп минатата седмица повторно ја обвини разузнавачката заедница дека во јавноста објавила информации како наводно Русија собирала компромитирачки материјали против него. На Twitter напиша дека однесувањето на тајните служби потсетува на нацистичка Германија.

„Изедначувањето на разузнавачката заедница со нацистичка Германија е нечуено, се побуни Бренан.

Разузнавачките служби во извештајот кој им го претставила на претседателот на заминување и на неговиот наследни заклучиле дека Русија наводно со хакирања и други средства влијаела врз исходот од претседателските избори на 8-ми ноември во полза на Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e