Црна Гора стана членка на НАТО

Црна Гора денеска и формално стана 29 членка на НАТО на церемонија во Вашингтон на која присуствуваше генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг, како и црногорскиот премиер Душко Марковиќ. Марковиќ ги предаде инструментите за ратификација на Северноатлантскиот договор на потсекретарот Томас Шенон.

Официјалните односи на Црна Гора и НАТО почнаа кон крајот на 2006 година, со поканата на таа земја да пристапи кон програмата Партнерство за мир. Шенон изјави дека на патот за влез на Црна Гора во Алијансата сите дале придонес.

РСЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e