Британските сили за борба против тероризмот спречиле 13 напади од 2013 година досега

Британските безбедносни сили спречиле 13 планирани терористички напади за помалку од четири години и постојано се соочуваат со над 500 истраги, изјави началникот на британските полициски сили за борба против тероризам Марк Роули.

Тој истакна дека поголемиот дел од информациите, кои ги користи полицијата и разузнавањето за спречување на нападите, доаѓаат од јавноста. Според него, терористичката закана во Велика Британија и понатаму е „сериозна“, што значи дека постои „голема веројатност“ за извршување напади, а истовремено властите се соочуваат со „некои големи оперативни предизвици“.

Роули нагласи дека воените успеси против групата Исламска држава во Ирак и Сирија нема „да го решат проблемот со тероризмот“, бидејќи заканата за Велика Британија е поголема од ИД или Ал Каеда и вклучува „екстремно десничарски групи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e