Боко Харам избра нов лидер

Џихадистичката група Исламска држава соопшти дека нејзиниот партнер од Западна Африка, Боко Харам, го избра за нов лидер портпаролот на оваа милитантна група Абу Мусаба ал-Барнави, без да објасни што се случило со досегашниот водач Абубакар Шекау.

Боко Харам, која загуби поголем дел од територијата што ја контролираше пред 18 месеци, сега се обидува да ја собори власта во Нигерија.

Во нивниот седум годишен бунт, кој новиот лидер го нарекува „војна на муслиманите против отпадници и крстоносци“, досега загинале повеќе од 20.000 лица, главно во североисточниот дел од земјата.

Новиот лидер Барнави изјавил дека неговата милитантна група „останала сила на која треба да се смета“ и најави регрутирање на нови војници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e