Антикорупциска акција во Саудиска Арабија -уапсени принцови и министри

Во Саудиска Арабија е спроведена голема полициска акција против корупција.

Уапсени се десетици принцови и бивши министри, но и четворица актурлни членови на владата.

Меѓу уапсените е и саудискиот милијардер принцот Алвалид бин Талал.

Вработени во компанијата „Кинг компани“ со која претседатела бин Талал потврдиле за АП  дека прицот е уапсен во текот на ноќта.

Принцот Алвалид е еден од најбогатите на Блискиот исток, а инвестирал и во компаниите како што се Твитер, Епл, Ситигруп и др.

Во Саудиска Арабија познат е и по тоа што се залага за поголеми права на жените.

Владата на Саудиска Арабија засега само соопшти дека е во тек истрага за корупција, а државните медиуми јавуваат за уапсени 11 принцови и 38 бивши министри, пратеници и бизнисмени.

Саудиското министерство за финансии соопшти во меѓувреме дека одлуката на властите да основаат Комитет за борба против корупцијата и да уапсени поголем број саудиски принцови, бивши министри, пратеници и бизнисмени е донесена за да се зајакне довербата во владата, објави Ал Арабија.

Како што пренесе телевизијата, овој потег треба да придонесе за зачувување на инвестициската клима во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e