Ана Брнабиќ – прва геј премиерка на Балканот

Српскиот претседател Александар Вучиќ и го даде мандатот за состав на нова влада на Ана Брнабиќ, со што таа ќе стане првиот отворен хомосексуалец на чело на една влада на Балканот и прва жена што ќе застане на чело на српската влада.

Српскиот претседател посочи дека Брнабиќ ќе се занимава со прашањата од сферата на економијата, дигитализацијата и друго, додека Ивица Дачиќ од Социјалистичката партија на Србија, во кого има огромна доверба, во суштина ќе го води политичкиот дел.

Вучиќ истакна дека не било лесно да ја донесе оваа одлука, и дека тоа не е пораз за Српската напредна партија (СНС), ниту за кој било друг, туку е идеја за наоѓање на најдобро решение.

За доверба на владата ќе се гласа наредната недела.

РСЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e