Американците наскоро нема да можат без визи во Европа

Европскиот парламент донесе резолуција со која Европската унија советува воведување задолжителни визи за граѓаните на САД, кои ќе одлучат да ги посетат нејзините членки.

Донесувањето на оваа одлука била поттикната од фактот дека петте членки на ЕУ – Бугарија, Хрватска, Кипар, Полска и Романија не го уживаат безвизниот режим како другите земји на ЕУ.

Резолуцијата е донесена минатата недела, затоа што САД ниту по две години не успеале да го решат овој проблем, пишува Лонли планет.

Доколку се воведе, рестрикцијата ќе важи најмалку 12 месеци.

Иако резолуцијата не е задолжителна, ЕУ на овој начин јасно сака да изврши политички притисок врз САД добро да ја разгледаат својата позиција и да усвојат еднакви правила за сите земји на Европската унија.

Слични мерки преземени се во 2014 година против Австралија, Брунеи и Јапонија кои постигнаа договор со Европската комисија, а договор со Канада би требало да следи подоцна оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e