130 евра годишно ќе плаќаат сите странци за користење на германските автопатишта

Усвоен е контроверзниот закон за воведување патарини за странските патнички возила на германските автопатишта.

Овој закон од  другите земји членки на ЕУ и Европската комисија беше оценет како дискриминирачки и за него беше поведена тужба пред Европскиот суд на правдата.

Германските државјани ќе бидат ослободени од плаќање патарини преку компензација со годишните такси што ги даваат како надомест за регистрација на возила, но затоа сите останати странски патници ќе треба да плаќаат сума од најмногу 130 евра на годишно ниво ако сакаат да ги користат германските автопати.

Законот ќе стапи во сила откако за него ќе се произнесе и Бундесратот. односно Горниот дом на Парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e