Зиков донесе конечна одлука за понудата да биде дел од раководството на МЕПСО

До сите душегризници и лоши луге кои деновиве ревносно, како кутрето Рексшто го бранеше Тито на Сутјеска од бомбите на фашистичкиот окупатор, се нафрлија со своето тело врз Владата и еуфорично ја бранеја државата од мене (поради изборот во мепсо).
Сакам “да им ја дигнам високо раката и да кажам дека победија …” Победија “слепите мишеви”.
Ете денес ја вратив поканата од таму од каде што дојде …
Да се каже најлошото за мене и моето семејство деновиве не се бираа зборови. Јавноста ја лажеа брутално. Многу пизма и зли мисли. Хипокризија. Инбоксот мој полн со клетви и конкретни закани … Се измислуваа разни проблеми и причини …
Премногу е. Не вреди тоа толку.
Затоа решив да ја вратам назад поканата и да се заблагодарам. Јас не сакам мојот избор на било каков начин да и наштети на имиџот на оваа Влада во чција програма и Премиер силно верувам … И како несомнено докажан професионалец и на општствен и на бизнис план силно ги подржувам.
Оттука, му благодарам на премиерот и вицепремиерот за економија на укажаната доверба. Ајде друг пат.
Потполно сум свесен дека цената што се плаќа при прифаќање на ваква функција е висока! Јас бев решен да ја плаќам континуирано низ месеците и годините нанапред, силно посветен на остварување на визијата и мисијата на компанијата и владата со целото мое знаење, посветеност и професионалност. Исто така како што го градевме Капитал и уште четири други мои фирми во минатите 18 (осумнаесет) години. Мегу кои едукациски центар Концепт за бизнис образование и други фирми…
Но, не можам таа цена да ја плаќам уште не влезен во зградата на мепсо. Тоа едноставно не е фер.
Затоа “идемо даље” … светот нити почнал нити ке заврши со мепсо 🙂 Еве го местото е слободно ајде колете се да го земете :))
Им благодарам на сите мои пријатели кои честитаа на изборот и цврсто застанаа зад мојата прва одлука …
Им благодарам и на оние кои се истрчаа да хејтаат и да ми се посерат на главата, па си го покажаа своето вистинко жално лице …
Ним средниот прст!

Љупчо Зиков

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e