Заев работи по 18-20 часа дневно и лично одговара на сите важни пораки и повици

Некои нови функционери се добри, но некои не се…( мој впечаток, можеби грешам).
Не говорам околу стручноста и компетентнпста, бидејки со искрен пристап брзо се прават успеси.
Пристапот ми е темата.
Секој нов функционер, секое сабајле нека си припомнува дека е назначен после режим.
Нека ги отвара очите за да ги види сите неправди, но и да бара решенија за проблемите во доверениот сектор.
Пред да почне да се изолира и да бара да се дружи со ” рамни на себе по функција ” да се сети од кај доаѓа.
Пред да влезе во филм дека е преоптоварен со работа, нека помисли дека Зоран Заев работи по 18-20 часа дневно и дека лично одговара на сите важни пораки и повици.
Пред да влезе во некои дворски игри со политикантства, нека се сети на режимот, на зверствата и мрачниот период, и нека се сети дека Зоран Заев стави во опасност и семејство и бизниси и својот живот.
Секој функционер мора да знае и мора да биде свесен дека секоја институција е уништена од режимот и дека мора да даде искрен максимум од себе за да ја нормализира доверената институција. А кога ќе почне да му се полни егото дека е најдобар и најпаметен, нека се сети на априлските настани во собранието и на пролиената крв за формирањето на владата од која е именуван. Нека се сети на раскрвавените глави на Заев и останатите…
Македонија мора да оди напред и нема место за шпекуланти и фолиранти, а воопшто нема простор за лечење комлекси на поединци.
Мора да се работи со срце и душа!
Македонија е се што имаме!

Ване Цветанов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e