ВМРО-ДПМНЕ овозможи да се донесе недоветен закон

Доколку ВМРО ДПМНЕ навистина мислеше да влијае на текстот на Законот за јазиците, ќе поднесеше 10, 20, 30 амандмани со кои ќе предложеше суштински промени. Поднесувањето на илјаници амандмани е само измотавање со кое само се дига прашина без никаква намера навистина да се искористат демократските алатки за влијание во процесот на одлучување.
Во превод: ВМРО ДПМНЕ овозможи да се донесе недоветен закон.

Да сакаше ДУИ навистина да обезбеди јазични права на припадниците на албанската заедница, ќе вклучеше експерти во изработката на законот и ќе направеше беспрекорен закон на кој е тешко да се даде забелешка.
Усвојувањето на ваков закон е само измотавање со кое само се дига прашина без намера навистина да се подобрат јазичните права на припадниците на албанската заедница.
Со други зборови: ДУИ сака закон кој не може да се спроведе за да може да создава етнички тензии и да го спречува функционирањето на демократската држава како правна и граѓанска.

Да сакаше СДСМ да воспостави владеење на правото и да ги постави темелите на демократското владеење ќе се држеше стриктно до правото, правилата и процедурите.
Усвојувањето на ваков Закон за јазиците е само измотавање со правото и демократијата.
Со други зборови: СДСМ сака да биде ВМРО ДПМНЕ наместо ВМРО ДПМНЕ.

Мирјана Најчевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e