ВМРО башка, колицијата башка?!

ВМРО башка,колицијата башка
По објавувањето на редоследот на листите за градоначалници и членови на советите станува јасно дека Груевски решил неговата партија да настапи со два броја.
Во општините во кои партијата настапува сама со свои кандидати и листи тие ќе го имаат бројот 7. На изборните ливчиња во тие општини ќе го нема бројот 13.

Во општините во кои ќе настапи како предводник на коалицијата ќе го има бројот 13 но не и бројот 7.
Така партијата ќе знае колку гласови, градоначалници и советници добила сама а колку на листите со коалиционите партнери.
Тоа е веројатно вовед во откачување на коалиционите партнери и резултат на убеденоста на раководството на партијата дека со самостојно настапување по општините под бројот 7 нема да имаат штета од набројувањето на коалиционите партнери.
По објавувањето на листите ќе се знае во кои општини партијата настапува сама а во кои со подршка од колиционите партнери.
Самостојниот настап на ВМРО ДПМНЕ може да е резултат на идејата на Македонците да им се понуди етнички чиста партија.
Добро би било само во општините кај што ќе настапуваат сами избирачите да го бараат бројот 13 што ќе го нема а таму кај што ќе настапуваат како коалиција да го бараат бројот 7 што исто така ќе го нема.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e