Старата, добра македонска бара

Колумна на Сашо Орданоски за Цивил медиа

Какофонијата во која живее Македонија во последните неколку години, за некој месец, по неколкукратни репризи, ќе доживее ново општествено-политичко крешчендо! Тогаш, отприлика, се очекува да дознаеме има или нема решение за ова проклетство со „проблемот со името“ – ако има решение, земјата конечно ќе тргне во фактичка долга и мачна авантура со нашите евро-атлантски интеграции; доколку нема решение… Е, тогаш се на сила други сценарија.

Најнапред, и да има и да нема решение со името, се чини дека наскоро, можеби веќе годинава, а секако идната пролет, ќе мора да одиме на вонредни парламентарни избори. Ситуацијата со сегашниот собраниски баланс на силите е неиздржлив за спроведување на каква било посериозна реформска агенда, особено ако се реши спорот со Грција.

Сепак, пред тоа ќе следува некаква плукни-залепи реконструкција на оваа Влада, но потоа двата главни владини коалициони партнери, СДСМ и ДУИ, ќе започнат предизборно да се „дриблаат“, да се местат и подместуваат, бидејќи ДУИ, од една страна, не заборава дека СДСМ на минатите избори ги чинеше десетици илјади етнички Албанци кои гласаа за социјалдемократите, и уште којзнае колку кои воопшто не излегоа на гласање; а на СДСМ, од друга, ќе му треба кредибилен наратив за да се правда за своите владејачки потфрлувања…

ВМРО-ДПМНЕ, пак, со „недоизлижани“ рани и со нејасна правна судбина на моќната мафијашка Фамилија „во сенка“, висната на вратот на новото и сè уште „во пелени“ партиско раководство, ќе мора рапидно да се консолидира, за да направи подобар изборен резултат од оној на минатите избори. Бидејќи, вака како што „мицајковистиве“ продолжуваат да се однесуваат „груевистички“, тешко дека ќе најдат некаков коалициски албански партнер за во идната своја влада, ако таквиот евентуален коалиционен кандидат не го стават пред „цевката“ на својот неумолив изборен резултат. Ако не, ќе си одремат уште некој турнус во опозиција.

Но, велам, едно е ако продолжиме со затворен македонско-грчки спор зад нас; но, сосема друго е ако решение на спорот со Грците нема, затоа што тогаш се отвораат и други перипетии… Пред сè, повторно некаков предизборен калабалак од „широка влада“!

Мислам дека, ако нема решение со Грците, некои од понеинтелигентните членови на меѓународната заедница веднаш ќе се фатат за таа широко-коалициска „сламка на спасот“ од можна политичка дестабилизација, па повторно ќе заборават и на демократија и на реформи, туку ќе тргнат да купуваат месец за месец, додека не видат што, точно, ќе се случува на други кризни точки во регионот, но и во самата Македонија.

колумната на Сашо Ордановски во целост прочитјате ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e