Смирено, госпоѓо Рејтинг!

Дали Билјана Василева Трендафилова, главната и одговорна уредничка на „ТВ Нова“ слушнала за А1 телевизија?

Знае ли дека бремена жена беше во притвор и имаше спонтан абортус? Знае ли дека цели семејства беа притворани? Во кој паралелен универзум живее?

И да, мора да знае дека сопственик на телевизија нема поголеми граѓански права од кој и да било друг граѓанин. Имено, обвинение е покренато против Кочан, а не против телевизијата.

Затоа, смешно е да се криете и да изјавувате дека ова е замолчување на медиумите. Смирено, госпоѓо Рејтинг!

За да бидете релевантен медиум треба релевантно и да известуватe. Парите и техниката не го прават медиумот, како што медицинската опрема сама не ги лечи пациентите.

Пушти „24 Вести“, ќе Ти стане јасно зошто тие немаат вакви амплитуди. Еднаш напишав за Вашиот медиум дека е како малолетна девојка која се дружи со лошо друштво и која и’ го зела на сила сепарето на возрасната „Сител“.

Лош алкохол, зачадена кафеана, лоша музика и портокалови потпетици.

Старите велат „какво бачило- таква маст вади“… Според Вашата логика, ако има обвинение за сопственик на слаткарница, тоа е удар за сите кондиторски производи. Не, добрите слатки секогаш се продаваат…

Дејан Блажески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e