Шилегов: Груевски е една голема лага, со помош на пропагандата креира слика која не постои

Никола Груевски е една голема лага, која што во изминативе 11 години, со помош на пропагандата, упорно за себе креира слика која што едноставно не постои.

Слика: живеам во стан(ови) на мајка ми

Реалност: купувам плацови на Водно (оградени со ѕид де, да не се гледа од долу)

Слика: организирам протести за одбрана на црква

Реалност: го бранам дилот за Белата палата (за да излезам на тераса)

Слика: немам кола

Реалност: се возам во најскапата кола купена во историјата на Македонија

Слика: правам листи на предавници и автоматски сум “најголем” патриот

Реалност: “со оној што е асли Грк” и “со оној на А”, договарам промена на името

Слика: ве повикувам да ја браниме Македонија (како демек во опасност е)

Реалност: продолжувам да Ве делам и внесувам омраза помеѓу Вас, за да може да го одбранам украденото и да не паднам од власт

И ги измеша сликите и реалноста во својата глава.

Токму затоа, истиот тој Груевски, сака граѓаните да не веруваат во тоа што го слушнаа вчера во програмата на новата влада – дека унитарноста и иднината на Македонија не се доведени во прашање, туку да продолжат да веруваат на неговите пропагандни лаги.

Но, вистината нели, е како шило и таа и овојпат излегува на површина.

Паднаа сите маски, се разводнија сите слики.

Никола Груевски заминува од власт. Тоа, автоматски значи и крај на делбите, поделбите, омразата.

И Македонија нема да исчезне, затоа што него ќе го немало на власт.

Напротив. Токму спротивното. Ќе биде посилна од било кога. Баш заради тоа што веќе нема да е на власт.

Затоа што ќе ја вратиме Македонија во нормала.

Македонија ќе ја направиме достојно место за живеење за сите нас !

Без оглед на нашата етничка, верска или партиска припадност.

Затоа што тоа го заслужуваме !!!!

Фејсбук статус на Петре Шилегов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e