Реформи на куку леле

Можни ли се реформи од екипа која е составена:
• од докажани и слепи беспоговорни извршители на претходниот лидер,
• од персони кои се контролирани по разни основи од најблиските роднини на поранешниот лидер,
• од личности за кои се водат предистражни или истражни постапки од страна на ОЈО и СЈО,
• од лица кои се амнестрани од страна на Претседателот на државата (иако подоцна е повлечена амнестијата) и ги чекаат судски постапки.
• од лица кои се познати по тоа што соработувале со службите и кодошеле или се обидувале да наместат свои сопартијци, (но, на чуден и неразбирлив начин нелустрирани од Комисијата за лустрација)
• од лица кои глумеле дека се ,,реформатори”, и за кои реформата било вовлекување во партиските органи и тела. Демек седете вие надвор, џавјкате посилно, јас и два тројца како мене ќе ви (си) ја завршиме работата. Не се секирајте ќе има место и за Вас.🤣😀😆
• од анонимни персони, полтрончиња, кои допрва ќе градат кариера,

Секоја чест на неколкумина (2-3) истакнати персони, докажани во својата животна и проофесионална кариера, меѓутоа неколку ластовички не ја чинат пролетта. Неучеството на неколкумина познати и препознатливи пратенци во извршното тело на партијата, ми дава за право да гарантирам дека допрва ќе следат сериозни партиски турбуленции. Или, како што пишав неодамна таму ,,допрва кучка ќе се кучи”

Јове Кекеновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e