Порака од Диме Велковски до лажните патриоти кои лепат лажни „потерници“

“Една порака до лажните патриоти кои лепат лажни „потерници“:

Времето на лажните потерници помина. Доаѓаат времиња на вистински потерници. Потерници за сите оние кои сакаа да го скријат убиството на Мартин, за оние кои насилно менуваа ДУП-ови за да си праваат приватни објекти, за сите оние кои додека деца умираа поради недостиг на пари за лекување купуваа мерцедеси од 600.000 евра, за сите оние кои прикриваа смрт на новинари, за сите оние кои недозволено влегуваа во приватноста на граѓаните,за сите оние кои земаа 5% провизија од 700 милиони евра народни пари наменети за автопатишта…

Доаѓа времето на вистината – времето на правдата!

А вие,продолжете да лепите!” – напиша на Фејсбук, Диме Велковски, пратеник од СДСМ.

dime

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e