Политичко самоубиство?

Колумна на Сашо Орданоски за Цивил медиа

Во минатите денови се случија неколку инциденти во врска со слободата во Македонија – заканите кон „копилето“ Селмани, „интервенцијата“ на Илија Гечев во цензурирањето на програмата на „Код“ на ТВ Телма, продолжените неказнети блуења на навреди и клевети од пропагандистичките перјаници на минатата власт и тн. – кои, иако неповрзани, даваат можност во поединечното, да се види општата тенденција. Некако, слободата, правната држава и демократијата како да губат здив, за сметка на оние вредности кои подразбираат правење уште повеќе пари и стекнување уште повеќе неконтролирана моќ, без големи обѕири за јавниот интерес!

Хе-хе-хе… Тоа во времето на Груевски не можеше да се случи! Замислете, во некоја 2013 година, на пример, ТВ Сител да имал за објавување некаков прилог што не му се допаѓал на г. Гечев, па овој да се јавел во Сител и „на невидено“ да се заканел со тужба, а Сител да го забранел прилогот?!?!… Ха-ха-ха-ха… Мислам дека следниот ден ќе го гледавме г. Гечев по телевизии (ексклузивно, во живо, на Сител!) легнат на некој кавадаречки асфалт, како го апсат за погрешно паркирање, со бутнат пиштол в уста!

Бидејќи, во Груево време се знаеше: само Фамилијата можеше да забранува (и да нарачува) наменски телевизиски прилози, за да се спречи анархијата на демократијата кога секој би објавувал (или забранувал) што и како ќе му текне!

Времињата се променија. Денеска секој секому може да му бутне пиштол в уста. Дојде живот, тоа е.

Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦИВИЛ Медиа на следниот линк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e