Подгответе се за меѓународните судови

Дел од колумната на Ерол Ризаов за Утрински весник:

Мислам дека најголемиот страв за примопредавање на власта доаѓа од сознанието дека коалицијата на македонските и албанските политички партии кои сочинуваат мнозинство може навистина добро и реформски подолгорочно да функционира и да ги открие сите злоупотреби на власта која 11 години владееше без контрола. Нема подобра контрола од промена на власта.

Ако сите овие позитивни и историски трендови грубо се спречуваат од власта која не сака да си замине, нормално меѓународните судови стануваат неминовност, бидејќи покрај реализацијата на изборните резултати и сите судски инстанции, сосе Специјалното јавно обвинителство, се оневозможени да си ја работат работата, да судат според законот.

Неодговорни политичари на власт, иако изборите завршија пред повеќе од три месеци, не го признаваат основното уставно начело дека политичките партии кои имаат мнозинство формираат влада, денес под закрила на нарачани протести и демонстрации се залажуваат и себеси и јавноста дека излезот е во антиалбанството и антимуслиманството.

Резултатот на оваа доктрина е антимакедонство, односно реална опасност секој да си го бара чарето ако се потрошат сите демократски и законски ресурси за мирно предавање на власта.

Никој не може да ги обвини тие што им се одземаат стекнатите права ако бараат решенија кои најмалку се посакувани од мнозинскиот народ.

Македонија до вчера беше фактор на стабилноста на Балканот. За жал, може да стане примамлива идејата поделбата на Македонија да биде дел од решението на проблемот. Најлошото нешто што може да ни се случи.

Целата колумна на Ерол Ризаов прочитајте ја на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e