Нема да бидам дел од прославата на денот на демократијата во Собранието

Денес е денот на демократијата.
Се борам за неа и силно ја подржувам.
Но, денес нема да бидам дел од прославата на денот на демократијата во Собранието на РМ, затоа што во Собранието може да се слави демократија по одговорност за настаните од 24.12.2012 и особено по терористичкото загрозување на уставниот поредок на 27.04.2017 година!
До тогаш ќе работам и ќе зборувам дека, демократијата не е обично простување или заборавање, туку свест за етика и свест и совест за одговорност и грижа за другиот!
Нека ни е честит денот !

Фросина Ременски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e