Нашата мала орбита

Искрено, многу помалку ме интересира како ЕК ќе го оцени напредокот на Македонија и дали ќе даде „чиста препорака“… Поважно од екстерните оценки е како ние самите интерно ќе се оцениме и како ќе се мотивираме за квалитативен скок напред. Дали ќе станеме свесни колку сме назад од светот и веков, и дали ќе се отрезниме од митовите кои и натаму можaт драматично да ни ја поткопуваат иднината. За да ја стопираме стагнацијата, првин треба да утврдиме каде сме, и каде сакаме да стигнеме во овој современ и глобализиран свет. Ако и понатаму ги држиме очите ширум затворени, никогаш нема да дознаеме.

Како симболична компарација каде сме, ќе се послужам со една илустрација. Истиот ден кога овде беше објавена информација дека властите во Скопје размислуваат дали да го продадат градскиот пајтон, од другата страна на Атлантикот приватна компанија лансираше супер тешка ракета-носач „Фалкон хеви“, со која во орбитата полета и корвета од марката „Тесла“.

Една недела претходно кај нас беше успешно лансирана само веста дека не функционира автобуската линија до Солун. Со тоа, нашата сообраќајна орбита остана строго дефинирана од Куманово до Гевгелија и од Тетово до Охрид. Ако на тој пат не ви се испречи „голема мечка“ (шумска) или „црна дупка“ (асфалтна), со голема веројатност овие космички далечини можете да ги поминете само за двојно повеќе време од она со кое „Фалкон хеви“ стигнува на својата далечна „екс“ дестинација.

Патем, веста за можната продажба на пајтонот беше само мало интермецо во шумата од информаци за четвртвековната битка за името, идентитетот… Е тука е она најважното. Сѐ ми се чини дека овие од компанијата „Спејс екс“ што ја лансираа ракетата, како да сакаат да кажат дека идентитет се гради со знаење, развој, наука… Притоа создаваат и голема забуна.

На пример, како би го дефинирале во овој контекст „идентитетот“ на Илон Маск од оваа компанија којашто ги пробива границите на возможното со нејзината приватна вселенска програма? Маск е роден во градот Преторија во Јужноафриканската Република, а има државјанства на ЈАР, САД и Канада.

 

Целата колумна на Катерина Блажевска објавена на Призма, прочитајте ја на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ