Најпрогресивните промени во историјата наидувале во почетокот на жесток отпор

Политичките протести во Атина и Солун нема да ги запрат добрите идеи за решавање на проблемот со името. Тие се само дел од демократските методи за изразување на политичките ставови на граѓаните . Владините мнозинства и одговорните политички лидери кои ја уживаат подршката на мнозинството, решаваат колку од тие јавно изразени ставови треба да се прифаќаат а колку треба да се преобликуваат и менуваат.
Во решавањето на сложени политички прашања потребно е силно политичко лидерство кое ќе го води и менува јавното мислење а не кое ќе го следи. Тоа подразбира превзамање политички ризик за исправноста на одлуките во кои веруваш.
Ако во историјата немаше лидери кои ќе му се спротиставеа на робството, на фашизмот и на сталинизмот, на експлоатаицијата ,на подредената положба на жената и на малцинствата ,светот никогаш немаше да оди напред.
Оттука. Мирните протести се здрав механизам за јавно изразување на несогласувањата, за испраќање на политички пораки до власта, за демонстрирање на силата на отпорот, но, одговорноста на одлуките е кај политичките лидери.
Ако тие само ги следат масите и им удоволуваат на најлошите политички инстикти ,тие веќе не се лидери, визионери и предводници туку страшливци и политички калкуланти и манипуланти.
Оттука сум убеден дека ниту еден таков протест во Грција или во Македонија не може да биде пречка за остварување прогрес од важност за мирот и стабилноста на двете земји и дека нема да влијае врз преговорите ако постои силна политичка волја кај двете влади и нивна готовност овој долгогодишен спор да биде решен со елементарно взаемно почитување и разбирање.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ