Македонската партија покер

Колумна на Сашо Орданоски за Цивил медиа

е чини дека, некако забрзано, се дели последната рака карти во македонската партија покер, пред почетокот на финалниот турнир закажан за, некаде, овој јуни. (Драматиката на оваа аналогија со покерот некако ми легна повеќе од, да речеме, кога би ја употребил поопуштената шаховска метафора, со црно-бели фигури, гамбити, рокади, со ловечки отворања и скандинавски одбрани…) Да, таму некаде, накај јуни, е времето кога ќе се донесуваат важните одлуки за евро-атлантската иднина на Македонија, па затоа сега е вистинскиот период кога треба влоговите да се зголемат, да се направи подготовката за играта на сè или ништо, со многу блефирање, со скриени адути низ ракави и, тука и таму, со бележени карти…

На што мислам?

На пример, дали забележувате како, за еден месец, се формираа 4-5 нови политички партии, речиси „од никаде“, како печурки по дожд?! И сите, некако, со десничарски, националистички, конзервативни, главно анти-западни, па и отворено про-руски платформи? Бреееј, што бујна демократска пролет ќе беше ова, како вчера да падна комунизмот… Низ хотелскиве сали во Скопје не можеш ни свадба, ни крштевка да закажеш од полуанонимни, но ненадејно разбудени демократи кои тргнале нови партии да промовираат!

….

Целата колумна можете да ја прочитате тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e