Македонија in a nutshell…

Значи… поранешниот премиер го напаѓа својот министер за одбрана кој сега е претседател на Собранието, во обид да спречи сегашната власт да донесе закон без разгледување на амандмани од опозицијата, односно со користење на истите методи кои тој самиот од позиција на власт ги користел и ги довел до совршенство.

А токму најголемиот белег на политичката кариера на овој што не дозволил расправа по амандманите на опозицијата му е молчење и читање поезија по амандмани како дел од владејачка коалиција со тој што го нападнал.

Да… тоа звучи како Македонија in a nutshell…

Или што би рекол еден познат мудрец – космодиск демократија – изгледа шашаво, ама функционира.

Јован Постолоски – Јофе

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e