Мајчиниот јазик се брани со дела

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:

Недела, рано наутро, возам по празната Пластичарска улица, уживајќи во „Мајчиниот јазик“ на Влатко Стефановски, сѐ уште под импресии од неговиот концерт претходната ноќ. Си велам: Боже, како овој човек без ниту еден збор само со гитара генијално да го брани идентитетот на Македонецот и на сите други што се раѓаме и живееме и умираме под ова парче небо. Во неговата музика ги има сите јазици на дуњава и сите до еден се разбирливи. Ечи виртуозот со толку љубов што не може да го расипе ни цел хор жаби „крекетуши“ и експерти за сеење омраза кои нѐ оглувеа и отапеа со месеци.

Тамам си помислив дека мора да го прашам Влатко дали прво научил да свири, или да каже мама… кога наеднаш стоп, блокада на улицата пред американската амбасада. Еден куп полицајци распоредени насекаде по уличките на скопското Кале. Летаат заглушувачки два-три хеликоптери над амбасадата, насекаде бојни и полициски коли, обележани забрани за движење со полициски ленти. Терористички напад… Утрото за еден миг се снеубави…за среќа, на кратко. Го прашувам полицаецот, што се случува. „Ништо“, ми шепнува, вежба… се враќам во реалноста. Ја пуштам повторно „Бистра вода“ од маестро Влатко… Но и таа реалност е за кратко време.

Секогаш има кој да ја замати, да не биде бистра и чиста водата… такви времиња дојдоа. Матни. Ептен матни… работи не ни даваат да гледаме појасно. Најлесно се лови во матна вода. Се враќам на мојот занает. Многу учените толкувачи на Уставот и на демократските процедури, научници, експерти и универзитетски професори, познати лингвисти и литерати можат деновиве да уживаат и да се восхитуваат од резултатите на своите јавни високоумни беседи и револуционерни мултимедијални и интерактивни предавања, наменети исклучиво за возрасни со посебни потреби.

Со методиката и дидактиката на Макаренко преку широкопојасен интернет и суратли ќитап (Фејсбук) Македонија стана вечерно училиште за брзо описменување. За само два три месеци постигнати се фантастични успеси во образование на населението. Нема веќе ниту еден неписмен, дури ниту полуписмен човек кој не слушна и не разбра за опасноста која се заканува за уништување на државата. Сите граѓани благовремено дознаа дека обидот за убиството на Македонија ќе се изврши со јазик. Ете, со една ваква планетарна лага ни го сервираа петпати на ден Законот за јазици тие што не го прочитале. Им се може кога сме абдали да им веруваме по илјадити пат на исти лажговци.

Поверувавме како мајмуни дека албанскиот јазик ќе ја освои целата територија на земјата и така ќе го откорне македонскиот и сите други јазици.

Целата колумна на „Независен“ на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e