Куќата на злото

Во недела во која Ивона Талевска доби условна казна за затајување данок, Ѓорѓе Иванов безусловна награда за лидерство, Билјана Ванковска распишува конкурс за интелектуалци, а на градоначалник друг (!?) му распишал општински тендер за фигара за коса, глупаво е човек да не се занимава со сатира.

Но, ете, дури и во вакви недели кога лудилото ни е пуштено на најјако, во една луда земја како нашата, може да се случи нешто што ќе ја направи секоја сатира беспредметна, а секој обид да се биде духовит и да се бара смешната страна на нештата да звучи како силување на здравиот разум.

Tребаше ли да дојде до абортус, за да разбереме за приказната за дванаесетгодишното девојче од домот „25 Мај“ кое било силувано, присилувано на проституција, а најверојатно и дрогирано. Па, да дознаеме и дека не е единствен случај. Која сурова иронија, човече, државата го одзела девојчето од родителите поради несоодветна грижа. И потоа им покажала на сите како изгледа „соодветна грижа“.

Кој се потфрлил? А, кој не. Буквално сите во општеството.

Непоправливо е уништен животот на едно дете! Тоа е миг кога и јас-поборникот против смртната казна за да не продолжи спиралата на злото молчи пред јас-таткото кој пцуе, колне и бара правда. Не постои правда во вакви случаи. Но, мора да постои право. Казнено право

Прво, секако одговорните во домот. Не може да ти се случува вакво нешто пред очите да ти да останеш нем, глув и слеп. Па, дури и ако целата девијација била надвор од домот, дури и ако девејчето го водиш како бегалка, не си седиш мадро. Испушташ некаков крик, алармираш, апелираш, бараш помош. Каде може да е штитеничката на домот кога е во бегство? Сигурно не ви побегнала за да оди на курс по англиски.Второ, вина има и во полицијата. Девојчето било носено да се проституира на добро познатата локација за ваков тип услуги, зад МТВ, јавна куќа на отворено за чие постоење се чини знае секој во градов, освен полицијата.

 

Целата колумна на Сашо Кокаланов за Призма прочитајте ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e