Криминалци во знаме

Не мириса на војна во Македонија туку смрди на она што им тече од ногавиците на оние кои се преплашени од помислата дека веќе нема да бидат власт во Македонија.
Им тече од ногавиците од помислата дека може некој да им го прави она што тие им го правеа на сите изминатите 10 години.
Им тече од ногавиците од свеста за губењето на привилегиите и повластениот статус .
Им тече од ногавиците и врескаат затоа што ги имаат земено и потрошено хонорарите и провизиите а нови не се на повидок.
Повеќето од нив се криминалци завиткани во македонското знаме кои врескаат од под него дека ” никој не смее да ја премине црвено жолтата линија”.
Од знамето тие направија крпа за покривање на својата срамота.
И затоа должност на секој чесен граѓанин и на полицијата е да не им дозволи и знамето да го испоганат.
Доста се кријат зад него.
Тоа се криминалци кои ќе почнат знамето да го користат за да си ги забришат валканиците. Тие се на добар пат да го испоганат знамето зад кое се кријат. И тоа не треба да им се дозволи.
Ако ним им се дозволи да спречат формирање влада ;тогаш ќе биде направен преседан по кој секој во иднина ќе има право да спречи формирање на било каква влада.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e