Кога правдата има етничко потекло

за жал, никој во македонската правна наука или во правосудниот систем – или барем јас (што значи јавноста!) не знам за тоа – не се занимава со проучување на третманот на етничките Албанци низ македонските судови. Затоа и немаме проверени споредбени статистики, на пример, за тоа дали и колку постои разлика во тежината и бројот на пресудите кога се етнички Македонци и другите националности во прашање, како би изгледале тие податоци споредено со етничката припадност на самите судии во процесите, кој е просекот на поминатите жалби во погорните судови, колку се времетраењата на тие процеси и чекањето на финални пресуди, има ли разлики во пресудените казни, дали има дискрепанци во судските практики во различни судови во државата и тн.

Такви статистички податоци на споредување на полицискиот или правосудниот систем и нивните практики во однос на расната, етничката, половата и друга припадност на „третираните“ граѓани, се вообичаено, општо место во развиените западни демократии. Од таму и знаеме дека, на пример, постои статистичка алармантна нееднаквост во третманот на црнците и белците во полициските практики во САД или за третманот на етничките малцинства низ судскиот или затворскиот систем во Велика Британија.

Врз основа на такви студии, демократските држави се во состојба да спроведуваат реформи на своите лоши политики, да ги унапредуваат состојбите во различни сектори и да насочуваат трошење на јавните пари за, навистина, јавно прифатливи и потребни цели. Во таа смисла, во Македонија, ние „климата“ главно ја нагаѓаме со влажен показалец изложен на ветер, зборуваме врз основа на впечатоци, зависно од политичките определби и врз нешто елементарно искуство, тука и таму со некој податок или со некое наврат-нанос спроведено мало невладино истражување…

Е, па, по сето претходно кажано, дозволете ми да ја донесам мојата пресуда: јас немам никакво сомневање – врз основа на импресии! – дека припадниците на помалите етнички заедници во Македонија, а особено етничките Албанци, се третираат различно од оние кога се етничките Македонци во прашање, и тоа најчесто на нивна штета, во сите судски, кривични процеси во кои нивната етничка припадност има некаков „политички“ аспект во предметите! Дури, си дозволувам да ја проширам оваа моја „пресуда“, па да кажам дека тој нееднаков третман – на штета на Албанците! – се однесува и на истражните, полициско-обвинителските фази во подготовката за делењето правда во Македонија.

Целата колумна на Сашо Орданоски на ЦИВИЛ Медиа на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e