Клетва од пластичен експлозив

Поради клетва врз островот Локрум до Дубровник, последниве три века трагично умирале сите негови купувачи. Приказната почнува во 1023 година кога на денот на „Свети Бенедикт“ изгореа скоро сите куќи во Дубровник, па за да смилува Господ, Дубровчаните заедно со Бенедиктанците во Локрум ја изградиле опатијата„Свети Марија“, но и многу други објекти кои со векови им служеле на сиромашни луѓе, изнемоштени старци и болни лица. Тоа траело цели седум века се додека Дубровник не паднал во тешка финансиска состојба. Тогаш владарите на Дубровник – Гучетиќ, Соркочевиќ и Пуциќ одлучиле да го продадат островот за 60.000 дукати, но како услов од купувачот Бенегдитијанците да се истераат од таму и да им се одземе целиот имот. И така се случи. Тие, напуштајќи го островот со молитви, фрлија и едена клетва: „Нека биде проклет тој што го присвојува Локрум за лично уживање“. По кратко време Соркочевиќ скокнал од својата палата, Гучетиќ се удавил блиску до островот, а Пуциќ се обесил во својата соба.

Нареден сопственик на островот стана капетан Тонашевиќ. За неполни шест месеци тој исчезнал со целата своја фамилија. Потоа островот бил купен од еден богат човек од Будимпешта кој брзо потоа потонал со својот чамец. По некое време проклетиот остров бил купен од Максимилијан (братот на Франјо Јосип Први). Веднаш по тоа него го убиле непознати лица. Потоа на островот се вратила неговата жена Шарлота која за неколку месеци извршила самоубивство. Наредната жрвта како купувач бил кралот Ото Фридрих Вилхем (Лудвиг Втори), кој истата година ја загубил власта и бил пронајден мртов покрај брегот. Во 1919 година островот бил купен од тогашна Југославија и никогаш не се продавал повеќе. Денес островот со убава природа и многу знаменитоасти им служи на посетители, туристи и обожаватели на природата.

Веројатно ќе помислите дека и јас сега ќе думам по клетвата од ДИК и сличните институции каде што лесно се постигнува општ национален консензус за годината да има 16 месеци. Не џабе велат дека кога се во прашање парите и ѓаволот ги цитира божјите книги. А тие со право велат дека парите ги заработувале со нивните десет прсти. Но, ние си имаме многу посилни клетви. На пример Ѓоле фрлил клетва до седмото колено! Груевски фрлил клетва врз странските амбасадори, а и врз ДУИ; Едни функционери на ДУИ фрлија клетва врз Заев што им го расипал бизнисот; И од Алијанса фрлиле клетва врз премиерот поради зашеметување на нивни гласачи; Многу деловни луѓе фрлиле клетва врз мината власт поради рекетирање; Болни лица фрлиле клетва врз набавувачите на фалц лекови; Бројни несреќни пациенти фрлија клетва врз министерството: „Да даде Господ докторите да ви отидат преку седумте мориња“. И навистина ги снема! Или „Да даде Господ да немате доктори ни за лек“ итн. Исто така 20 илјади граѓани фрлиле клетва врз Мијалкови Груевски поради големото уво– „Ушите да ви станат како на глушец“. И да не ги набројувам сите клетви од нашиот пребогат арсенал. Едни религии велат дека клетвата е психолошка негативна енергија оформена од силни негативни емоции на човек кој страда која патува до небото и се враќа назад до тој кому е упатена! Минатата власт е доказ за тоа! Оти со години воделе политика за убивање на честа.

Но, фали клетвата која ќе ја натера злочесната фамилија и нивните компањони да ги вратат украдените пари! Ова од ДИК е капка вода во морето од кражба. А ние индиферентни. На малото зло плачеме, а на голмото се смееме! Молчевме 12 години на лошото, а сега врескаме што за овие 4 ефективни месеци не го надоместивме загубеното! Времето бавно се движи за тие што се надеваат, ама брзо за власта. Факт е дека власта направи метеорски пробив надвор и сега од маргинална држава која одеше кон распад, стасавме до важен регионален играч. Заев храбро се нафрли врз горливитеми од кои други бегаа како од ѓавол. Дури ги злоупотребуваа. Рака на срце, тоа содржи голема доза на ризик за личен рејтинг, но желбата да се постигне целта е посилна.Тоа луѓето знаат да го ценат и кога не се соглесуваат. Наскоро ќе ги видиме резултатите и Македонија ќе го напушти трновитиот безпат и ќе тргне кон автопат. Ќе бидеме сведоци на неверојатно брз економски развој на државата по поканата за НАТО и пристапните преговори за ЕУ. На пример, по зачленувањето во НАТО, Бугарија ги зголеми странските инвестиции за скоро четири пати (од 3,36% до 12,06%), Албанија над три пати (од 3,72% до 9,12%), Црна Гора скоро три пати итн.

Но, факт е дека на внатрешен план има одделни пропусти кои што поскоро треба да се исправат, особено во кадровската политика. Едни раководители слабо се снаоѓаат, други летат на небо, трети бојкотираат. Државните служби се полни со неписмени и потребно е да се смисли непристрасен филтер за да може да функционира државата. Исто така важно е максимално да се подржуваат тие кои би сакале нешто да инвестират во државата. Тоа е работа на тие со политички легитимитет. На крајот на краиштата, тоа ќе биде главниот испитен тест за новата власт. Не држи констатацијата дека имаме сложена состојба па да почекаме. Политиката не значи игра само кога имате добри карти, туку добра игра и тогаш кога имате лоши карти.

Дополнително обструкции прави и „фамилјата“ која иако е до гуша во криминал обвинува за „одмазда од хунтата“. Со тоа таа самата признава дека има направено здодела за да има „одмазда“. Затоа бара „помирување“, а тоа значи ние да им ги простиме украдените наши пари. На луѓето не им е важно дали и колку некој ќе биде во затвор, но не се спремни да им ги простат нивните пари. Сте фатиле арамија со вреќа пари во банката, а тој вели дека е жртва на хунтата! Помирување без враќање пари ќе вроди со клетва од над 2 милиона луѓе. А со тоа не ќе може да се справи никаква длабинска анализа.

Груевски покажува голема загриженост за притворените, не поради нивното плачење, туку поради можното пропевање. Тоа сите го знаат, па затоа неговите протести се посетени помалку од протест на некое рибарско друштво. Иванов вели дека за да се надмине политичката криза треба претходно моралната! Токму поради таква етика и морал, тој силно охрабруваше мерценари на државниот удар со многу убаво име – „За заедничка Македонија“, за да тепаат или убиваат што поморално. Сега моралот му тече низ ногавицата, дополнително што и ептен морално го кршеше уставот во повеќе наврати. Дел од тие што сега „остваруваат“ со влечки во Шутка сфаќаат дека подобро да ве тепа вистината отколку да ве милува лагата. А тие „интелектуалци“ кои велат дека глумците треба да имаат вечен имунитет, свесно не сакаат да го видат мерценарството кај некои од нив. Дел од нив ги дале душите на продажба. Што поситна душа тоа поголема цена. И сега гледаат дека пластичниот експлозив стана ептен многу скап.

Мерсел Биљали

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e