Иванов е производ на Ахмети

Ахмети не треба на никого да му се лути што денес го имаме Иванов за претседател на државата. Сите знаеме дека Иванов доби втор мандат за претседател само врз основа на договорот меѓу Ахмети и Груевски ,вонредните парламентарни избори во 2014 година да бидат одржани на денот кога се одржуваше вториот круг на претседателските избори. Врз основа на таквата согласност од Ахмети,Груевски на својот пулен Иванов му обезбеди доволна излезност на избирачите во вториот круг за тој да биде одново избран на таа функција.
Се друго што тогаш се случуваше во време на тие избори беше само дел од лицемерниот национализам на Груевски и Ахмети кој политички го инструментализираа за свои цели.
Тогаш Ахмети кобајаги бараше од Груевски за претседател на државата да понуди некаков заеднички прифатлив кандидат. Груевски кобајаги не се согласуваше. Ахмети најави дека ќе ги бојкотира изборите за претседател а Груевски тој вид лажна кавга ја искористи да понуди одржување на вонредни парламентарни избори на вториот ден кога треба да биде одржан и вториот круг од претседателските.
Така двајцата добија можност да го мобилизираат националистичкото изборно расположение во своите етноси и одново да победат на тие парламентарни избори а истовремено на Иванов да му обезбедат нов мандат.
Оттука денес Ахмети слободно може да изјави дека на оние маченици од редовите на ОНА кои ги дале животите за слободата на Албанците во Македонија им го подарил и вториот мандат на Иванов.
Да не беше толку добро поврзан со политиката на Груевски тој можеше да разговара и да се договори за конзенсуелен кандидат за претседател со СДСМ и ако го подржеше Стево Пендаровски да докажеше дека му е вистина важна личноста за претседател на државата. Имаше можност да не се согласи за одржување на вонредни парламентарни избори таа година и можност да не се согласи тие да бидат одржани на денот кога се одржуваше вториот круг од претседателските со што ќе го доведеше во прашање изборот на Иванов.
Но Ахмети си го избра Иванов.
Се друго, па и бојкотот на ДУИ на тие избори беше дел од взаемно договорената нацоналистичка игра со Груевски која на двете партии таа 2014 година требаше да им обезбеди и им обезбеди да продолжат удобно да владеат.
Оттука, кога денес Ахмети изразува незадоволство од Иванов треба да биде свесен дека Иванов е негов личен избор и производ.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e