Хан нема да ја отфрли платформата туку ќе го отфрли Груевски!

Кога ВМРО-ДПМНЕ нема мнозинство во парламентот, единствено народот може да ја одбрани државата – рекол Груевски.

Па, за кој к*р тогаш бараш избори- му одговорил Тричковски.

Народот што го влечеш по улиците како зелен мрсул по детско лице ниту е народ , а уште помалку е аргумент во прилог предвремени избори!

Се слушаш ли ти што зборуваш!?

Зоран Заев е преплашен за неговата иднина, зашто ќе треба да одговара за криминал и затоа се обидува да дојде за премиер и да влијае врз судиите, рекол Груевски.
Значи за да се влијае врз судиите и да се спаси човек од обвиненија за криминал, треба да биде премиер или да има свој приватен премиер, така ли- му одговорил Тричковски.
Неверојатно!
Неверојатно!

СЈО работи на тоа да се задуши ВМРО-ДПМНЕ со обвиненија, сите ние да се занимавеме со судења и да не се занимаваме со парламентот. Тоа е планот, тоа е акција не само да се оди кон поединци на ВМРО-ДПМНЕ, кон целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, да се нападне партијата, да се блокира нејзината сметка, да се заплени нејзиниот имот – рекол Груевски.

Значи, ако некој што украл милијарди евра, ако има, благо кажано, сериозни врски со убиства или со настани во кои имало убиства на многу луѓе, со заробувањето на државата, со раскурцувањето на сите нејзини институции и ресурси, некој што избркал од државата 600.000 луѓе и ја довел Македонија пред крајот на историското време, сака да се занимава со парламентот, а не со судските процеси за овие тешки злодела, треба да му се овозможи да се занимава со парламентот, така- му одговорол Тричковски и додал дека не ги знае проекциите на СЈО, но, дека констатацијата дека не се оди само кон поединци во ВМРО- ДПМНЕ туку кон целото раководсво со идеја да се нападне партијата и да се блокира нејзината сметка и да се заплени нејзиниот имот, му се чини пролично реална, праведна и оправдана

Така што, Никола, во право си: сите ќе одговарате, сметките ќе ви се блокираат, парите ќе ви се земат и имотот ќе ви се продаде на аукција!

Хан нема да ја отфрли платформата туку ќе ве отфрли вас!
Тебе ќе те отфрли!

Што би правела Европа со тебе!?
Можеш да го развлекуваш таканаречениот народ, таа хистеризирана и во добра мерка идиотизирана маса, колку сакаш, горните проекции не зависат од тебе и од вмро и од тврдокорните тие се закономерност што не можеш да ги спречиш како што не можеш да спречиш утрово сонцето одново да изгрее.

Фејсбук статус на Бранко Тричковски

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e